Фудбалската репрезентација на Англија ја победи селекцијата на Албанија со 2:0, во рамките на првото коло од квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Меѓутоа, случувањата на теренот не останаа во фокусот по натпреварот, поради срамниот транспарент кој го истакнаа Албанците на Вембли.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
На срамниот транспарент беше напишано: – 21 година присуство. Не можете да не’ отстраните –, а со тоа беше истакнато и знаме на кое пишуваше “Косово е Албанија“.
Сепак, следеше одговорот од англиските навивачи кој ги шокираше.
„Косово – Србија“ скандираа англиските навивачи во 13-та минута. Како изгледаше тоа, можете да погледнете во продолжение.
“Косово – Србија” одекна на Вембли за време на натпреварот помеѓу Англија и Албанија! pic.twitter.com/X0o151lt3R
— FantomBeograda (@FantomBeograda) 21 март 2025