Дома Фудбал Тухел триумфално ја започна авантурата со Англија

Тухел триумфално ја започна авантурата со Англија

Англиската репрезентација денес успеа да обезбеди победа од 2-0 против Албанија во првото коло од квалификациите за Светското првенство.

Луис-Скели го отвори резултатот со постигнувањето на гол во 20-тата минута, со што истовремено стана најмладиот дебитантен стрелец во историјата на Англиската репрезентација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Првото полувреме заврши без други погодоци. Вториот гол и конечниот резултат ги постави Хари Кејн во 77. минута.

Во другиот натпревар, Полска оствари победа против Литванија со минимален резултат од 1:0, благодарение на голот на Левандовски.

Селекцијата на Босна и Херцеговина триумфираше со 0:1 против Романија во Букурешт, а стрелец на единствениот гол беше Гиговиќ во 14. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дефанзивецот го одби Ливерпул, потпишува со Реал Мадрид!

Станува збор за Ридигер кој ќе потпише нов договор со Реал Мадрид, и на тој начин ќе остан…