Дома Фудбал Ова уште не сте го виделе: Иран даде гол во 45+27! (Видео)

Ова уште не сте го виделе: Иран даде гол во 45+27! (Видео)

Натпреварот Иран – Обединети Арапски Емирати беше прекинат по неколку минути игра поради проблеми со осветлувањето на стадионот.

Прекинот траеше долго, па судијата од Кореја мораше да го надополни првото полувреме за цели 29 минути.

На тој начин, Иран го сруши рекордот во меѓународниот фудбал кој сам го држеше од 2022 година, кога на нивниот натпревар надоместокот траеше 24 минути.

Домашните дојдоа до предност со голот на најпознатиот играч од оваа генерација, Сардар Азмун во 27. минута од надоместокот.

Конечно, во 77. минута судијата свиреше крај… на првото полувреме.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…