Дома Фудбал Робертсон: Моето време во Ливерпул сè уште не е завршено

Робертсон: Моето време во Ливерпул сè уште не е завршено

Фудбалскиот клуб Ливерпул во последно време е поврзуван со повеќе леви бекови, но сегашниот играч на таа позиција, Ендру Робертсон, смета дека тоа не значи негово заминување од клубот.

„Моето време само што започнува, и сметам дека и да доведеме некого на истата позиција, тоа не значи дека ќе заминам од клубот“, изјави Робертсон, пренесува „Скај спорт“.

Клубот од „Енфилд“ е поврзуван со различни играчи, но тоа не го загрижува Шкотот.

„Мислам дека нема лев бек во светот кој не бил поврзуван со Ливерпул од летото до сега. Целиот тој притисок и шпекулации за заминување доаѓаат кога играте во толку голем клуб. Кога ќе се навратам на последните осум години што сум во клубот, и го разгледам сето што сум го поминал, од почетник до тоа што сум сега, можам да кажам само едно – чувствувам голема гордост за целиот мој пат.“

Дефанзивецот на крајот порача само едно:

„Мислам дека моето време само што започнува, а дури и да не е така, секогаш ќе ја почитувам клупската одлука и ќе бидам поддршка за оној што клубот ќе го доведе“, заврши Робертсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…