
Претседателот на Интер, Бепе Марота, е уверен дека постојат сите предуслови за да се обнови договорот на тренерот Симоне Инзаги.
“Обновување? Постојат сите предуслови да продолжиме да работиме заедно. Со Симоне сите се развивме, а значајна е и синергијата што се создаде меѓу него и клубот. Поминуваме низ циклус кој сè уште не е завршен. Има ново сопствеништво, нови цели, има проект за нов стадион. Сигурно ова е убав момент, но треба да бидеме реалисти. Имаме уште два месеци до крајот на сезоната, потоа следува Светското клупско првенство. Тренерот се однесува на извонреден начин”, коментира Марота за Sky Sports.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Претседателот беше прашан и дали тимот може да освои тројна круна. “Не зборувам за тоа, но сите треба да бидеме амбициозни. Сме професионалци и сме навикнати да се бориме до крај. Ако има подобри од нас, ќе ги заслужат нашите комплименти”, додаде Марота.