Дома Фудбал Еди Хау првиот англиски тренер со пехар по 17 години

Еди Хау првиот англиски тренер со пехар по 17 години

Англичаните конечно го дочекаа ова, но за трофејот на Премиер лигата ќе мора уште да сонуваат…

Цели 17 години, уште од 2008. година, ниеден англиски тренер не освои трофеј во својата земја.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Конечно тоа му успеа на Еди Хау, менаџерот на Њукасл Јунајтед. „Чавките“ во неделата во финалето на Карабао Лига купот го победија фаворитот Ливерпул со 2:1 и го освоија првиот домашен трофеј уште од 1955. година.

Последниот Англичанец кој освои домашен трофеј беше Хари Реднап, кога во 2008. година го водеше Портсмут до трофејот во ФА купот.

Добро е познато дека од основањето на Премиер лигата, од 1993. година, никогаш не се случило англиски тренер да биде шампион на Англија!

Премиер лигата ја освојуваа Шкоти (Алекс Фергусон и Кени Далглиш), Италијанци (Карло Анчелоти, Роберто Манчини, Клаудио Раниери и Антонио Конте), Французин (Арсен Венгер), Португалец (Жозе Мурињо), Чилеанец (Мануел Пелеgrini), Германец (Јирген Клоп) и Шпанец (Пеп Гвардиола).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси: Тажен сум, напред Аргентина

Лионел Меси не се најде на списокот на Аргентина за натпреварите од квалификациите за Свет…