Дома Фудбал Панчев: Благодарност на Србија, Црвена звезда доаѓа во Скопје

Панчев: Благодарност на Србија, Црвена звезда доаѓа во Скопје

Тага поради десетиците изгубени животи во трагедијата на 15-ти март..

Од Панчев потекна идејата да се организира хуманитарен, пријателски фудбалски натпревар меѓу репрезентацијата на Србија и македонија, потоа и гостување на Црвена звезда во Скопје.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Да помогнеме колку можеме, за сите добри, прекрасни души, за децата“, истакнува Панчев за Спорт клуб.

„На последниот ден од викендот се слушнав со Пикси Стојковиќ, кој во Скопје и цела Македонија има безброј почитувачи, предложив да се организира натпревар меѓу националните селекции. Веднаш ме поддржа, идејата наиде на едногласно одобрување од раководството на ФС на Србија. Благодарам. Срцето се кине, ова е нешто каде целиот регион мора да се обедини, да покажеме дека сме луѓе, а сме, луѓе сме! Неизмерно почитување за потегот, за пружената рака, милион пати: благодарам. Во чест на оние кои… Тешко ми е, разберете што прекинувам. Скршен сум.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скриен стадион во прекрасен град: Не требаше да биде изграден, a денес се соочува со предизвици (Видео)

Европа е позната по современите стадиони, но и по оние кои имаат свои посебни приказни. Се…