Дома Фудбал Останато ОФМ ги одложи сите натпревари во деновите на жалост

ОФМ ги одложи сите натпревари во деновите на жалост

Одбојкарската федерација на Македонија ги одложува натпреварите од редовните кола предвидени за престојниот викенд (22/23 март) во сите натпреварувачки категории, како и заостанатите натпревари коишто требаше да се одиграат во текот на оваа работна недела, во знак на сочувство и солидарност кон семејствата на загинатите и настраданите во трагедијата во Кочани.

Владата на Р.С. Македонија на вчерашната седница донесе одлука за седумдневна жалост на територијата на цела држава по страшната трагедија која се случи во Кочани.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Предвидените натпревари, согласно Календарот за натпреварување, како и заостанатите натпревари ќе се одиграат во средината на следната недела во договор со клубовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скок за историја: Поставен нов светски рекорд! (Видео)

На денешниот тренинг во Викерсунд се случи историски момент. Словенечката ски-скокачка Ник…