Дома Фудбал ФФМ ги одложи натпреварите по трагедија во Кочани

ФФМ ги одложи натпреварите по трагедија во Кочани

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на сите планирани натпревари што беа закажани за денес, во сите натпреварувачки категории.

Овој чекор е преземен поради трагичниот настан што се случи во текот на ноќта во Кочани, каде што, според последните извештаи, животите ги загубија околу 50 лица во пожар кој избувна во локална дискотека.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


„Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.

Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции. Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви“, стои во соопштението од ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл по 70 години освои трофеј

На „Вембли“ во Лондон, Њукасл триумфираше над Ливерпул со резултат од 2:1, за да го освои …