Дома Останати Тенис Срамен птоег на Швјонтек – со сета сила удри кон собирач на топчиња (Видео)

Срамен птоег на Швјонтек – со сета сила удри кон собирач на топчиња (Видео)

Ига Швјонтек е позната како лоша губитничка, како некој што не знае секогаш спортски да се помири со поразот. Меѓутоа, во дуелот со Мира Андрејева во Индијан Велс се надмина себеси.

Полската тенисерка во еден момент, незадоволна од својата игра, го изрази својот бес на собирачот на топки. Со сета сила ја тресна топката кон него и само на среќа може да ѝ благодари што не го погоди.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Зашто ако го погодеше, веројатно ќе беше дисквалификувана. Бидејќи силата на ударот беше неконтролирана, можеби би го повредила и кој знае колкава ќе беше казната. Со ова се извлече, иако можеби сепак ќе биде казнета бидејќи таквите постапки не можат да се толерираат. Особено бидејќи намерата да го погоди момчето беше очигледна.

Не е тешко да се претпостави колкава е фрустрацијата на до јуни неприкосновената голема шампионка. Меѓутоа, по четвртиот триумф на Ролан Гарос не само што не освои ниту една титула, туку не успеа ни да се пласира во финале. Поразот од Андреева е петтата елиминација во полуфиналињата од тој париски успех.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Бекер: Повикот од најдобриот во историјата не се одбива

Соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј ги изненади сите, а Енди Касл, некогашниот бро…