Дома Фудбал Предавство на повидок: Алварез по една година се враќа во Англија и потпишува за ривал на Манчестер сити!?

Предавство на повидок: Алварез по една година се враќа во Англија и потпишува за ривал на Манчестер сити!?

Хулијан Алварез минатото лето ја изненади фудбалската јавност со одлуката да го напушти Манчестер Сити и кариерата да ја продолжи во дресот на Атлетико Мадрид, но сега се појави информација дека по само една година би можел да се врати во Англија.

Аргентинскиот напаѓач со Манчестер Сити освои речиси сè што можеше, но никој не очекуваше дека самиот ќе побара трансфер од тој клуб.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Алварез го направи тоа минатото лето бидејќи повеќе не сакаше да биде резервна опција за Ерлинг Халанд и реши да оди во клуб кадешто ќе има улога на прв напаѓач, а понудата на Атлетико Мадрид за него беше најпривлечна.

Мадридскиот клуб за овој 25-годишник издвоил 75 милиони евра и направи одличен потег бидејќи Алварез и оваа сезона игра во одлична форма и веќе ја оправда улогата на засилување.

Сепак, се појави информација дека Аргентинецот по само една сезона би можел да го напушти Атлетико и да се врати во Англија бидејќи се подготвува понуда која може да пристигне на адресата на клубот од Мадрид ова лето.

Медиумите во Англија и Шпанија шпекулираат дека Ливерпул покажал голем интерес за Алварез и дека клубот од Енфилд е подготвен да плати и над 100 милиони евра за да го доведе некогашниот напаѓач на Сити во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар, сепак, нема да игра за Бразил

Нејмар доби повик од селекторот Доривал Жуниор, но поради повреда ќе мора да го откаже уче…