Дома Фудбал Кимих објасни зошто одбрал да остане во Баерн

Кимих објасни зошто одбрал да остане во Баерн

Капитенот на германската национална репрезентација Јошуа Кимих можеше да заработи повеќе пари, напуштајќи го Баерн (Минхен), но реши да остане со баварците поради целокупната концепција за развој. 30-годишниот фудбалер потпиша нов договор до крајот на сезоната 20229. Тој можеше да замине без трансферна сума во јули.

“Можам да кажам “да”, изјави тој за вебсајтот „Зидојче Цајтунг“, кога беше прашан дали би му платиле повеќе пари во друг клуб.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


“Станува збор точно за целокупната концепција”, додаде уште Кимих. – Парите се фактор, секако, но најважно за мене беше прашањето за перспективите на теренот”.

Пред халфот имаше “конкретни алтернативи” за трансфер, но Кимих не сакаше да именува. Пари Сен Жермен беше поврзуван со ангажманот на германецот, напишаа медиумите во Франција.

Германскиот репрезентативец освои осум титули на Германија со Баерн и еднаш триумфираше во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи спремаат голема трампа

Со летниот трансфер период на повидок, Манчестер Јунајтед е фокусиран на зајакнување на св…