Дома Фудбал Се појави ново видео од дербито: Погледнете како навивач го плукна Куртоа (Видео)

Се појави ново видео од дербито: Погледнете како навивач го плукна Куртоа (Видео)

Тибо Куртоа (32), голманот на Реал, беше цел на гнасен напад од страна на навивач на Атлетико по возвратниот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Атлетико на својот стадион со победа од 1:0 го надомести триумфот на Реал од 2:1 во првиот натпревар. Но, потоа Реал помина на пенали. Куртоа беше плукан од еден навивач на Атлетико додека излегуваше од теренот во тунелот на стадионот Метрополитано.

Куртоа е долго време незаменлив голман и симбол на Реал. Затоа често се заборава дека многу пред 2018, кога пристигна во Реал од Челси, беше идол на навивачите на градскиот ривал Атлетико. Кога Челси го донесе во 2011 од Генк како млад талент, веднаш го прати на усовршување во Атлетико. Белгискиот голман таму блескаше и остана на позајмица цели три години. Во тој период беше клучен човек за освојување на Ла Лига, Кралскиот куп и Европа лигата на Атлетико, како и за близу до триумф во Лигата на шампионите во 2014.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи спремаат голема трампа

Со летниот трансфер период на повидок, Манчестер Јунајтед е фокусиран на зајакнување на св…