Дома Фудбал Кратко и јасно: Еве како Анчелоти одговори на прашањето за пеналот на Алварез

Кратко и јасно: Еве како Анчелоти одговори на прашањето за пеналот на Алварез

По натпреварот Атлетико Мадрид – Реал Мадрид се подигна голема прашина поради поништениот гол од пенал на Хулиан Алварез. За тоа денес зборуваше и Карло Анчелоти кој во само две реченици објасни како стојат работите.

Реал Мадрид успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите затоа што Кралевите на стадионот Ванда Метрополитано успеаја да победат во серијата пенали.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Првиот натпревар Реал го доби со 2:1, но Атлетико во реваншот успеа да ја надомести разликата. По 120 минути игра резултатот беше 1:0, и беше јасно дека патникот за следната рунда на натпреварувањето ќе се дознае по пеналите.

Реал беше подобар по пеналите откако Алварез и Љоренте беа непрецизни за Атлетико, но за пеналот на аргентинскиот напаѓач сè уште се зборува.

Имено, Алварез даде гол, но неговиот пенал беше поништен бидејќи реагираше ВАР собата тврдејќи дека имал два контакти со топката.

На снимката тоа не можеше баш најјасно да се види што предизвика хаос по натпреварот бидејќи од Атлетико тврдеа дека се жестоко оштетени и дека е поништен чист погодок.

Сепак, по сè се огласи и УЕФА која потврди дека Алварез имал уште еден минимален контакт со топката и иако истиот не влијаел, тој пенал бил поништен бидејќи такво е правилото.

За ова денес зборуваше и Карло Анчелоти кој се појави пред новинарите на прес-конференција поради натпреварот со Вилјареал кој Реал Мадрид го игра веќе утре. Се разбира, првото прашање беше да го прокоментира пеналот на Алварез што и го направи.

“Не знам што да ви кажам освен дека такво е правилото. Тоа правило мора да се почитува и тоа е тоа”, рече Анчелоти, а потоа го прашаа и за жестоката реакција која дојде од редовите на Атлетико по сè.

“Тоа не го следев. За нас тој натпревар е завршен и фокусирани сме на следниот кој е веќе утре”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи спремаат голема трампа

Со летниот трансфер период на повидок, Манчестер Јунајтед е фокусиран на зајакнување на св…