Дома Фудбал Голман намерно доби црвен картон и го одведе својот тим во Лигата на шампионите?

Голман намерно доби црвен картон и го одведе својот тим во Лигата на шампионите?

Дуелот во Лига Европа помеѓу Олимпијакос и Боде Глимт практично беше решен по првиот натпревар во кој шампионот на Норвешка победи со 3:0. Сепак, и втората пресметка имаше голема важност.

Гигантот од Пиреја играше за пласирање во Лигата на шампионите. За таков успех му беше потребна победа на стадионот „Јоргос Кареианис“.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Грчкиот тим е на првото место на неофицијалната табела во трката за добивање директно место во елитното натпреварување следната сезона и победата би го потврдила учеството во тоа натпреварување во сезоната 2025/2026.

Олимпијакос успеа да победи благодарение на неверојатна ситуација и на тој начин го направи голем чекор кон настапот во Лигата на шампионите.

Тимот водеше со 2:1, но во 88. минута сè можеше да се смени. Боде Глимт имаше контра напредок. Хелмерсен беше сам на противничката половина, а тогаш на сцена стапи голманот на Пирејскиот тим Константинос Цолакис.

Ако грчкиот чувар на мрежата не го фаулираше, тоа ќе беше сигурен гол и веројатно екипата на Хосе Луис Мендилибара ќе останеше без победа.

Домаќинот успеа до крај да издржи со десет играчи и да оствари важна победа која на клубот може да му донесе 20.000.000 евра колку што добива директен учесник во Лигата на шампионите.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи спремаат голема трампа

Со летниот трансфер период на повидок, Манчестер Јунајтед е фокусиран на зајакнување на св…