Дома Фудбал Ќе помине пат долго 30 часа за да игра за Македонија: Не ми е тешко ќе го дадам максимумот!

Ќе помине пат долго 30 часа за да игра за Македонија: Не ми е тешко ќе го дадам максимумот!

Maкедонскиот репрезентативец, Исник Алими кој е член на кинескиот Далиан го чека долг пат за да биде на собирот со националниот за дуелите со Лихтенштајн и Велс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на Милевски на 22 март во Вадуц против Лихтенштајн ги стартуваат квалификациите за Светското првенство, додека три дена подоцна дома ќе го пречекаме Велс.

Aлими за овие дуели ќе помине пат долг 30 часа.

„Благодарам за поддршката. Ме чека долг пат, можеби повеќе од 30 часа лет, но јас ќе бидам таму и ќе го дадам максимумот за Македонија на натпреварите против Лихтенштајн и Велс“, објави Алими на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Парагвај искрено: Го гаѓав Мбапе затоа што не му пружи рака (Видео)

Иако селекцијата на Јужна Америка успеа да ја изненади Германија со својата цврста игра ко…