
Иако во редовите на Атлетико Мадрид сè уште не може да се помират со несреќната и чудна елиминација од градскиот ривал Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите, елитното натпреварување мора да продолжи, а “кралскиот” клуб ќе продолжи да ја брани својата титула.
Во четвртфиналето го очекува двомеч против Арсенал, а тренерот на Реал Карло Анчелоти, со новото пласирање меѓу осумте најдобри тимови на Европа, продолжи да ги поместува фудбалските граници.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Италијанскиот стручњак во дуелите со Арсенал по петнаесетти пат во својата кариера ќе го предводи својот клуб во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
На тој начин го престигна Пеп Гвардиола, со кој досега беше изедначен во овој параметар, а зад нив двајцата се Алекс Фергусон (12), Жозе Мурињо (8), Диего Симеоне и Арсен Венгер (по 7), и Јирген Клоп, Рафаел Бенитез, Луј ван Гал и Томас Тухел (по 6).
Да потсетиме, Анчелоти е рекордер во ова натпреварување и по бројот на титули, а засега има пет (три со Реал и две со Милан).