
Бетис вчера како гостин го декласираше Виторија Гимараеш со 4:0 и се пласираше во четвртфинале на Конференциската лига, а главна тема повторно беше Антони.
Антони во текот на зимскиот трансфер период го напушти Манчестер Јунајтед и пристигна на позајмица во Бетис, што се покажа како фантастичен потег за Бразилецот.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Се знае колку Антони беше критикуван за лошите игри во Манчестер Јунајтед, и многумина рекоа дека англискиот клуб “фрлил” 100 милиони евра колку што беше платен кога стигна од Ајакс.
Но, со доаѓањето во Бетис бразилскиот фудбалер конечно успеа да покаже каков играч е затоа што последните два месецa игра во навистина одлична форма.
Бетис вчера во гости со 4:0 ја победи Виторија и полесно од очекуваното продолжи понатаму. Клубот од Гимараеш имаше 2:2 по средбата во Севиља, но малкумина се надеваа на таков пораз за португалскиот тим вчера.
Гостите од Шпанија поведоа веќе во петтата минута со голот на Бакамбуа, а истиот играч 15 минути подоцна постигна гол за 0:2.
Сепак, најубавиот момент го видовме во 58. минута на мечот, кога на сцена стапи токму Антони кој уште еднаш покажа дека со доаѓањето во Бетис едноставно се препороди.
Антони одлично ја искористи контрата на Бетис и се стрча кон голот на противникот по додавањето на Иско и успеа да постигне гол за 0:3.
Одличниот погодок на Антони можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Точка на овој меч гостите ставија во 80. минута кога искусниот Иско постигна гол за конечни 0:4, а токму Антони беше тој што му асистираше.
Бетис во четвртфиналето на Конференциската лига ќе игра против Јагиелонија и јасно е дека ќе имаат улога на фаворити во оваа двомеч.