Дома Фудбал Mурињо по елиминацијата: Се молам ова да не се случува, но трае веќе две години!

Mурињо по елиминацијата: Се молам ова да не се случува, но трае веќе две години!

Жозе Мурињо е огорчен по драматичното испаѓање од Лига Европа. Во првиот натпревар од осминафиналето неговиот Фенербахче изгуби во Истанбул со 1:3 од Ренџерс, но потоа во реваншот во Глазгов ги победија со 2:0. За конечниот победник одлучуваа пенали, во кои домаќините беа поуспешни и продолжија со 3:2.

По ваквото испаѓање од Европа, Мурињо изјави: “Се надевам дека сето тоа што ми се случува во европските натпреварувања не е последица од финалето на Лига Европа 2023. во Будимпешта, туку е случајност. Бидејќи по тоа финале и откако бев суспендиран, почнаа да ми се случуваат чудни работи.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Не игравме во Лигата на шампионите поради пенал во 120-тата минута, кој го виде само четвртиот судија. Сега дојдовме на реваншот од осминафиналето на Лига Европа и ВАР (Кристијан Дингерт, заб.) беше еден од оние кои се сметаат за најдобри меѓу видео асистентите. И таков ВАР не виде ниту еден од трите пенали. Се надевам дека е случајност. Платив за суспензијата во 2023. и се надевам дека тоа конечно заврши. Се молам сето ова да е само несреќа.”

Да објасниме, финалето за кое зборува е она на Лига Европа. Пред две години го играа тогашниот клуб на Мурињо, Рома, и Севиља. Шпанците победија на пенали, а Мурињо по натпреварот беше бесен на судиите. Што се однесува до контроверзното испаѓање од Лигата на шампионите кое го спомнува, станува збор за оваа сезона.

Во третото претквалификациско коло со Фенербахче изгуби 2:1 кај Рен во првиот натпревар. Во реваншот во Истанбул имаше победа 1:0 за пенали до крајот на продолженијата, кога на Рен му беше доделен пенал. Францускиот клуб го претвори во гол и така го ставија Мурињо и Фенер во Лига Европа. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Бастен зазема страна по случајот со пеналот на Алварес

Легендарниот холандски напаѓач Марко ван Бастен се приклучи на дискусијата околу укинатиот…