Дома Фудбал Познати четвртфиналните двојки во Лига Европа

Познати четвртфиналните двојки во Лига Европа

Целосно е комплетиран четвртфиналниот костур од Лига Европа. Откако во претходните натпревари пласман во оваа фаза обезбедија Атлетик Билбао, Бодо/Глимт, Ајнтрахт Франкфурт и Лацио, синоќа ги дознавме сите клубови кои ќе се борат за пласман во полуфинале.

На списокот се приклучија Лион, Манчестер Јунајтед, Ренџерс и Тотенхем.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Така, на едната страна од ждрепката во четвртфиналето ќе играат Тотенхем против Ајнтрахт Франкфурт и Бодо/Глимт против Лацио, а победниците од секој двомеч ќе се сретнат во полуфиналето.

На другата страна не’ очекуваат дуелите Ренџерс и Атлетик Билбао, како и Лион и Манчестер Јунајтед. Првите мечеви се закажани за 10 април, а реваншите се седум дена подоцна.

Двојки:

Тотенхем – Ајнтрахт Франкфурт
Бодо/Глимт – Лацио
Ренџерс – Атлетик Билбао
Лион – Манчестер Јунајтед

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марка тврди: Реал има нов тренер, договор на три години

Реал Мадрид на 25 мај ќе затвори едно од најсветлите поглавја во својата славна историја –…