Дома Останати Кошарка Почина Оливер Милер, еден од најтешките кошаркари во историјата на НБА – секогаш играше со над 130 килограми

Почина Оливер Милер, еден од најтешките кошаркари во историјата на НБА – секогаш играше со над 130 килограми

По долга болест на 55 години почина Оливер Милер, некогашен кошаркар, кој за време на кариерата играше за шест различни НБА екипи. Еден од најтешките кошаркари во историјата на НБА лигата, Феникс го избра на драфтот 1992 година како 22. избор, а за таа екипа Милер играше од 1992 до 1994 година, и потоа за време на 1999 и 2000 година.

Во својата прва НБА сезона, Милер како член на Феникс играше во финалето и загуби од Булсите на Џордан. Носеше уште дресови на Детроит, Торонто, Далас, Сакраменто и Минесота, каде ги минува последните НБА денови на кариерата за време на 2003 и 2004 година.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Играше е и во Полска, Порторико и Кина. НБА кариерата ја заврши со просек од 7.4 поени по натпревар со 5.9 скокови, 2.2 асистенции и 1.5 блокади. Познат е по својата сила и речиси секогаш прекумерната тежина. Играше со над 130 килограми, а беше висок 206 сантиметри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Најдобра партија на Дончиќ за Лејкерс. НБА: Ова го постигнаа уште само Леброн и Коби

ЛЕЈКЕРС доживеа убедлив пораз од Бакс, 126:106, но една од двете нивни главни ѕвезди е гла…