Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ги сподели своите впечатоци по триумфот над Баер Леверкузен (2:0) во реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите, кој се одигра синоќа.
Капитенот на англиската репрезентација нагласи дека тимот од самиот почеток имал јасна стратегија – да не се повлекува и да не ја брани стекнатата предност, туку да настапи офанзивно и да наметне високо темпо на игра.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Одигравме одличен натпревар. Од самиот старт сакавме да бидеме агресивни, да вршиме притисок врз противникот, да создадеме шанси и, секако, да победиме. Во првото полувреме имавме неколку добри можности, а во второто знаевме дека Леверкузен ќе се обиде да го промени текот на играта, но успеавме да ги казниме нивните грешки“, изјави Кејн за официјалниот сајт на УЕФА.