Дома Фудбал Родриго за Модриќ: Ние сме како татко и син, секогаш сакав да играм со него

Родриго за Модриќ: Ние сме како татко и син, секогаш сакав да играм со него

Бразилскиот фудбалер Родриго Силва де Гоес (24) изјави дека во Реал Мадрид секојдневно му помага капитенот Лука Модриќ и дека имаат однос како татко и син.

Секогаш имавме многу добар однос. Интересно е што има години колку и мојот татко, па ме вика ‘сине’, а јас него ‘тато'”, рече 24-годишниот Бразилец во интервју објавено на интернет страницата на Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Модриќ, 39-годишниот капитен на мадридскиот клуб и на хрватската репрезентација, во понеделникот се подготвуваше со тимот за возвратниот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико.

„Јас сум негов голем обожавател, и како играч и како личност. Секојдневно ми помага”, изјави Родриго кој дојде во Реал Мадрид во летото 2019 од бразилскиот Сантос.

„Модриќ отсекогаш ми бил еден од најмилите играчи и секогаш сакав да играм со него“, додаде тој. Договорот на хрватскиот играч за врска истекува за три и пол месеци, а Реал Мадрид соопшти дека ќе одлучи на крајот на сезоната дали ќе му понуди нов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта брза да биде реизбран на чело на Барселона – го закажа гласањето на првиот можен ден

Претстојните избори за претседател на Барселона ќе се одржат на 15 март, одлучи Управниот …