Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) покрена постапка против менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо поради неговите коментари кон судењето.
Мурињо пред дербито со Ливерпул нагласи дека на судијата Ентони Тејлор ќе му биде тешко да го суди натпреварот против „црвените“ токму поради фактот што доаѓа од околината на Манчестер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Правилата не дозволуваат менаџерите да говорат за судиите во пресрет на натпреварите, па овие коментари му донесоа проблеми на „Специјалниот“.
ФА покрена постапка и го обвини Жозе Мурињо за прекршување на правилата, па менаџерот на Манчестер јунајтед сега би можел да добие суспензија.