Дома Фудбал Погба од денес повторно може да игра фудбал!

Погба од денес повторно може да игра фудбал!

Пол Погба (31) од денес може повторно да игра фудбал бидејќи му истече суспензијата. Освојувачот на Светското првенство 2018 беше првично казнет со четири години забрана за играње откако беше позитивен на тестостерон во август 2023 година, но во ноември казната му беше намалена на 18 месеци од страна на Меѓународниот арбитражен суд за спорт (CAS).

Откако Јувентус го раскина неговиот договор два месеца по потврдата на намалувањето на казната од страна на CAS, Погба остана без клуб и треба да најде нов тим за продолжи да игра професионално. Постојат шпекулации за можноста за негово враќање во Манчестер Јунајтед, преселба во Марсеј за да се обедини со поранешниот соиграч Адриен Рабио, или заминување надвор од Европа во Саудиска Арабија или МЛС, но ништо не е реализирано.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Причината зошто Погба сака да се врати на врвно ниво е неговата желба да игра за репрезентацијата. Бидејќи наскоро ќе наполни 32 години, Светското првенство 2026 може да му биде последна шанса да игра на голем меѓународен турнир откако го пропушти Европското првенство 2024.

Сепак, поради големата конкуренција за место во француската репрезентација, играњето во една од петте најдобри лиги би му било најдобра шанса да се избори за место во тимот. Кружат гласини дека тренерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим би бил подготвен да ризикува со Погба, но нема конкретни информации за тоа.

Марсеј беше опција откако Рабио изјави дека би сакал да игра со Погба на југот на Франција, но тоа беше во декември, пред отворањето на зимскиот трансфер период. Сега е невозможно за поранешниот играч на Јувентус да се пресели во Лига 1 поради правилата кои забрануваат на клубовите да потпишуваат играчи во втората половина од сезоната.

Во остатокот од Европа има мал или никаков интерес за Погба. Неговата возраст и високата плата која изнесуваше 10 милиони евра годишно во Торино го прават недостапен. Со оглед на тоа дека неговиот последен официјален натпревар беше во септември 2023 година, многумина веруваат дека веќе нема што да понуди на теренот.

Сѐ укажува на тоа дека Погба ќе замине на Блискиот Исток или во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Големото промашување на Јувентус уште повеќе ги налути навивачите – по дебаклот се забавувал во ноќен клуб!

Бразилскиот фудбалер Даглас Луиз се најде во центарот на вниманието откако бил забележан в…