Дома Фудбал Останато Сега и потврдено: Нејмар има несогласувања и не e среќен!

Сега и потврдено: Нејмар има несогласувања и не e среќен!

Нејмар ова лето стана најскапиот фудбалер во светот, откако ПСЖ и плати на Барселона 222 милиони евра и ја активираше клазулата од неговиот договор.

Меѓутоа според информациите кои ги пренесува „The Sun“, лошите прогнози започнаа да се остваруваат.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ние го разбираме Бразлиецот, тој жали поради заминувањето од Барселона и му недостасува животот таму. Фудбалерот е несреќен со Емери и неговите методи на работа не се добри“, пренесува „La Porteira“ на својот Твтиер профил.

Како што се наведува Нејмар и Емери имале одредени несогласување, а во прашање биле замислите на Емери за тренинзите.

Нејмар од почетокот на сезоната за ПСЖ постигна 10 погодоци, но после ремито од 2:2 против Марсеј, проблемите започнаа да излегуваат на „површина“.

Да потсетиме, Нејмар во неделата ја посетил и Барселона со цел своето слободно време да го помине со Луис Суарез и Лионел Меси. За ова повеќе TУКА.

neymar and emery

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …