Дома Фудбал Анчелоти: Ги разбирам навивачите, не е проблем да ги заменам Вини и Мбапе

Анчелоти: Ги разбирам навивачите, не е проблем да ги заменам Вини и Мбапе

Реал Мадрид се мачеше со Рајо Ваљекано и на крајот славеше со 2:1, а тренерот на кралскиот клуб Карло Анчелоти истакна дека не е можно секогаш да бидат на врвот.

„Се чуствуваме добро бидејќи главната цел ни беше да ги земеме бодовите. Првото полувреме беше многу добро, можевме да победиме и со 3:0, но на крај беше 2:1. Во второто полувреме беше покомплицирано. Сепак, дури и во продолжението имавме шанси за гол преку Килијан и Винисиус да поведеме 3:1. Кога водиш 2:1 во 70. минута, мораш и добро да се браниш”, вели Анчелоти и додава:

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ги разбирам навивачите, не им се допадна последниот дел од мечот. Мора да имаме на ум дека многу тимови кои играат во Лигата на шампионите имаат тешкотии. Не победија или дури и изгубија. Интер мечеше со Монца, како и Ливерпул против Саутемптон. Леверкузен и Бајерн изгубија. Многу е тешко да се подготви меч како овој со Рајо, екипа која игра интензивно и се бори”.

Винисиус и Мбапе беа заменети во последната третина од натпреварот.

„Вини и Мбапе дадоа два спектакуларни гола. Играа добро, но кога морам да се бранам, се одлучувам да ги заменам напаѓачите. Не ми е проблем да ги заменам, заменив и Родриго, тоа ќе ни биде добро за натпреварот во среда”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Автомобилот на Диого Жота целосно изгорен – снимка од местото на трагедијата (Видео)

Фудбалскиот свет е во шок поради трагичната сообраќајна несреќа во која животите ги загуби…