
Сопственикот на Олимпик Лион Џон Текстор богато ги награди своите фудбалери по победата против Ница во дербито.
Минатата зима од страна на финансиските инспектори на Лига 1 им беше даден рок до крајот на сезоната да ги „испеглаат“ документите за да можат наредната сезона да играат во елитната лига. Во спротивно, ќе бидат исфрлени. Сопственикот на клубот Џон Текстор со загриженост говореше за овие потешкотии, истакнувајќи дека клубот ќе мора да продаде неколку важни играчи за да преживее.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Лион е во многу добра форма, брка излез во Европа што е значајно за нивното понатамошно работење, а моментално се на само два бода од местото кое води во Лигата на шампионите.
Вчера ја совладаа Ница, која им е конкурент, и тоа 2-0 на „Алијанц Ривиера“, па Џон Текстор реши да ги награди играчите повеќе од вообичаеното.
Всушност, тој ги зголеми за три пати нивните бонуси за победата во Ница, а им го соопшти тоа така што го повика капитенот Александер Лаказет додека играчите беа во соблекувалната.