Дома Топ вести Беше непосакуван, а сега е подобар од Роналдо и Бензема заедно

Беше непосакуван, а сега е подобар од Роналдо и Бензема заедно

messi i paulinho

Каталонците го променија мислењето.

Паулињо е новиот „убиец“ на Барса, така Бразилецот беше опишан од „Мундо Депортиво“. Веројатно и со право Бразилецот во досегашниот дел од сезоната игра навистина фантастично, па поради тоа реномираниот шпански весник посвети еден дел токму на човекот кој при пристигнувањето во лето добиваше огромни критики.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Паулињо со голот на „Сан Мамеш“ стигна до неверојатна бројка од 20 постигнати погодоци во 2017 година. Бразилецот постигна 12 во неговиот претходен клуб, Гвангжу, пет за националниот тим и три за Барселона, а со тоа е пред Кристиано Роналдо и Карим Бензема заедно.

Имено, Роналдо и Бензема во досегашниот дел од сезоната постигнаа само по еден погодок во Примера, а тоа сигурно е причината за еден од најлошите почетоци на сезоната во историјата на клубот. За ова повеќе можете да прочитате ТУКА.

„Мундо Депортиво“ напоменува дека навивачите на Барселона сега масовно го промениле мислењето и сега Паулињо го сметаат за една од најдобрите инвестиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ФИФА го суспендира Самуел Ето

Поранешниот камерунски напаѓач, Самуел Ето е суспендиран на шест месеци од страна на ФИФА.…