Дома Останати Тенис Време ли е за пензија: Кога Ѓоковиќ играше последен пат во толку лоша форма?

Време ли е за пензија: Кога Ѓоковиќ играше последен пат во толку лоша форма?

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се наоѓа во многу лоша форма на почетокот на 2025 година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако за време на Австралија опен играше одлично и го покажа најдоброто против Карлос Алкараз во четвртфиналето, па потоа застана против Алекс Зверев во следната рунда, Ѓоковиќ не успева да го најде ритамот.

Многумина беа љубопитни дали има добра соработка меѓу него и Енди Мареј, но Ѓоковиќ откри дека е задоволен од нивната комуникација. Задоволен или не, бележи трет пораз по ред, што последен пат се случи пред скоро точно седум години.

Поточно: шест години, 11 месеци и 16 дена, односно 2542 календарски денови. За споредба, тогаш не знаевме за вирусот корона, војната меѓу Украина и Русија не постоеше, комуникацијата со вештачката интелигенција стана секојдневие…

Ѓоковиќ тогаш, скоро исто, запишуваше порази на Австралија опен (осмина финале против Хјон Чунг), Индијан Велс (второ коло, Таро Даниел) и во Мајами (Беноа Пер, второ коло).

Новак тогаш имаше 30 години, па беше природно да се верува дека ќе се врати на старите патеки. Сега, кога наскоро полни 38, прашањето е во кој правец ќе оди неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…