
Кога пред нешто повеќе од година дена Барселона го купи Витор Роке за 30 милиони евра, шпанските медиуми го славеа како „наследник на Роберт Левандовски“, но Бразилецот повеќе не е во клубот.
Барселона имаше големи очекувања од Роке како многу талентиран напаѓач кој дојде од Бразил и тогаш зборуваа дека ќе биде подобар од Винисиус и Рафинја, како и дека ќе го засени Ендрик.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
Тоа не му успеа во Барселона, па отиде на позајмица во Бетис, но ни таму не се истакна. Од одиграни 16 натпревари за Барселона, постигна само два гола.
Во Бетис беше нешто поефикасен, постигнувајќи четири гола на 22 натпревари. Бразилскиот „наследник на Роберт Левандовски“ Барселона го пушти во Палмеирас без многу жалење. Особено затоа што каталонскиот клуб во суштина ги доби назад парите што ги потроши за него.
Можеби Бразилецот ќе оживее во Палмеирас. Тоа не може да се исклучи бидејќи во сезоната што претходеше на неговиот трансфер во Барселона, постигна вкупно 21 гол во 45 натпревари. Роке веќе ги поздрави навивачите на новиот клуб. И веднаш предизвика контроверзии. Сето тоа бидејќи новиот клуб го спореди со Реал Бетис, каде што играше на позајмица.
„Во Бетис се боревме за пласман во Европската конференциска лига. Во Палмеирас се борат за титули. Тоа е голема разлика“ рече Роке на прес конференцијата.
Оваа изјава не наиде на одобрување од навивачите на шпанскиот клуб. И не е ни чудо. Роке не возврати со голови, иако во Бетис доби многу шанси.
Неговиот вкупен учинок беше четири голови и две асистенции во Ла Лига и три гола во Купот на кралот. За „наследник на Левандовски“ тоа не е баш импресивен резултат.