Дома Фудбал Денот кога Роналдињо блесна и го постигна еден од најубавите голови

Денот кога Роналдињо блесна и го постигна еден од најубавите голови

На денешен ден е одигран еден од најпознатите натпревари во историјата на Лигата на шампионите, кој ќе се памети вечно и чии детали ќе се прераскажуваат години наназад. Во осминафиналето на Стамфорд Бриџ, Челзи и Барселона го играа возвратниот натпревар. Првиот натпревар на Камп Ноу го доби Барса со 2:1, а во возвратот тимот на Жозе Мурињо бараше пресврт против екипата предводена од чудесниот Роналдињо.

Тимови полни легенди

Судија беше познатиот Колина, за Челзи играа Ејдур Гудјонсен, Матија Кежман, Џо Кол, Дамијен Даф, Франк Лампард, Клод Макелеле, Вилијам Галас, Рикардо Карваљо, Пауло Фереира, Џон Тери, а на голот стоеше Петр Чех.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


За Барса на голот беше Виктор Валдес, бекови беа Белети и Ван Бронкхорст, а стопери Карлос Пујол и Олегер. Средниот ред го држеа Чави, Иниеста, Жерард и Деко, а нападот Роналдињо и Самуел Ето’о.

Челзи влезе во натпреварот урагански и по 20 минути со голови на Гудјонсен, Лампард и Даф водеше со 3:0. Роналдињо најпрво намали на 1:3 од пенал во 27 минута, а 11 минути подоцна изведе потег на фудбалски магионичар.

Беше тоа гол за паметење. Во тој момент Барса имаше резултат за пласман, но Џон Тери во 76 минута обезбеди пласман за Англичаните. Таа сезона Ливерпул стана европски првак во познатото истанбулско финале, а следната година Барса му се одмазди на Челзи кога го елиминираше на патот до титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…