По три последователни порази во Серија “А” и отпаѓање од Лигата на шампионите, расположението во Милан е речиси на дното. Ова ја отежнува задачата на тренерот Сержио Консеисао уште повеќе, а покрај сè се засилуваат гласините дека и тој наскоро може да биде отпуштен. “Росонерите” се далеку од водечките тимови во првенството и португалецот признава дека не му е лесно да ги мотивира своите играчи.
“Сите фудбалери треба да се однесуваат како војници, но ми е сè потешко да им ја пренесам оваа идеја”, се пожали португалскиот тренер пред гостувањето на Лече во сабота.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
“Ако е потребно да зборуваме прв пат за желбата за игра, тогаш тоа не е добро. Секој е должен да ја има по своја природа. Потребно е секој тоа да го покажува. За време на тренинзите гледам кој фудбалер ми изгледа сигурен да биде стартер. Добро е што во овој момент сите го покажуваат тоа. Сега од мене се бара да ја изберам правилната стратегија за да победиме.
Потребни ни се две работи за да ги постигнеме посакуваните резултати: да го дадеме најдоброто од себе и повеќе да делуваме како тим. И за мене е нешто ново да загубам три последователни натпревари. Но нема друг начин за справување со тоа освен напорната работа.