Манчестер сити ќе гостува во сабота кај Нотингем Форест во 28. коло од Премиер лигата. Пеп Гвардиола зборуваше за ситуацијата во која се наоѓаат Граѓаните и можноста да не се пласираат во Лигата на шампионите минатата сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Тоа не би било крај на светот. Сакаме да се квалификуваме за Лигата на шампионите, но доколку тоа не се случи, тоа е затоа што не бевме доволно добри и другите тимови го заслужија тоа повеќе од нас.
Во елиминациските натпревари во Лигата на шампионите, како и во ФА Купот, секогаш е незгодно. Во Премиер лигата имате 38 натпревари и тука има простор. Резултатот го знаеш на крај. Позицијата во која сме не е идеална, но не е ни така лоша. Судбината ја имаме во наши раце и ќе се бориме до крај“, рече Гвардиола.
Рече менаџерот на Манчестер дека Нетан Аке го очекува долга пауза:
„Мене ми рекоа дека ќе отсустува десет или 11 недели“, краток беше одговорот на Гвардиола, но сепак дополни:
„Кога станува збор за повреда која бара операција, тоа е сериозно. Но, важното е направено, многу се мачеше оваа сезона поради проблеми со стапалото и на крај дојде до ова“.