Дома Фудбал Баерн победи, но остана без Ноер

Баерн победи, но остана без Ноер

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер, ќе мора да направи кратка пауза поради повреда на листот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ноер мораше да ја напушти играта во 58. минута победувајќи го тимот на Бајер Леверкузен, и според првите информации ќе паузира меѓу три и четири недели.

За среќа, следува пауза за репрезентации, па Ноер ќе го прескокне само реваншот со Баер, како и лигашките натпревари со Бохум, Унион Берлин и Сент Паули, а најважно е да биде подготвен за потенцијалното четвртфинале во Лигата на шампионите со Интер на 8 или 9 април.

До тогаш, шанса ќе добие младиот Јонас Урбиг, кој зимово пристигна од Келн како долгорочна замена за Ноер.

Затоа Баерн нема причина за грижа, има и замена, а и Ноер ќе пропушти само три до четири натпревари и ќе биде тука кога ќе започнат клучните битки за трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…