Дома Фудбал Крадци од Италија го ограбиле домот на Александер Исак

Крадци од Италија го ограбиле домот на Александер Исак

Патувачка група професионални крадци упаднала во домот на напаѓачот на Њукасл, Александер Исак, и украле негов автомобил, накит во вредност од 68 илјади фунти и уште 10 илјади фунти во кеш. Ова го изјавила обвинителката во Њукасл на почетокот на судскиот процес против групата, обвинета за провала и кражба на имот на шведскиот фудбалер.

Исак не бил дома кога бандата упаднала во април минатата година.

Неколку дена пред кражбата во неговиот дом, истата група украла накит и облека во вредност над 1 милион фунти од дом на бизнисменка, како и дизајнерски предмети во вредност од 100 илјади фунти од дом на друга жена.

Тројца од обвинетите, кои се роднини што живеат во Италија, ја признаа вината. Четвртиот од истото семејство, кој има 32 години, одби да ги признае обвинувањата против него.

Според обвинителот Дан Корди, несомнено станува збор за професионалци – една жена и тројца мажи. Тие пристигнале во Велика Британија со автомобил „Citroen“ и караван „Ford“ во март минатата година, патувајќи со ферибот меѓу Кале и Довер. Се задржале неколку дена во Лондон, по што се упатиле на Североисток. За време на своите акции, се движеле со автомобилот „Citroen“, додека караванот го користеле само за спиење, раскажа обвинителот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енрике не се откажува од пресврт: Нека се подготви „Енфилд“ за пекол!

Тренерот на фудбалерите на Пари Сен Жермен Луис Енрике е убеден дека неговата екипа може д…