Дома Фудбал Њукасл остана без лев бек до крајот на сезоната

Њукасл остана без лев бек до крајот на сезоната

Левиот бек на Њукасл јунајтед, Луис Хол, ќе го пропушти остатокот од сезоната откако скрши коска во стапалото, соопшти англискиот прволигаш во средата.

„По скенот и советите од специјалисти, Луис ќе биде подложен на операција пред периодот на рехабилитација со клупскиот медицински тим“, наведено е во соопштението на Newcastle. 

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Њукасл, кој е шести на табелата во Премиер лигата со три бода заостанување зад четвртопласираниот Манчестер сити по 27 кола, следниот натпревар во првенството го игра против Вест хем јунајтед во понеделник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го зема англиското „чудо од дете“ пред носот на Германците

Барселона продолжува со политиката на доведување на најголемите млади таленти во европскио…