
Хулијан Алварез дефинитивно е едно од засилувањата на сезоната.
Синоќа, Аргентинецот постигна уште еден спектакуларен гол на „Сантијаго Бернабеу“, што му е дури 22-и во сите натпреварувања оваа сезона, и дури седми во Лигата на шампионите во дресот на Атлетико Мадрид.
Алварез пристигна како скапоцен трансфер од Манчестер Сити за 90 милиони евра, но се покажа дека Атлетико навистина не погреши и го надомести со својот нов најдобар стрелец.
Како што се очекуваше, и навивачите на Манчестер Сити ги следат настаните во Мадрид и сметаат дека клубот направи голема грешка што дозволи да замине и што не добиваше повеќе минути на теренот.
Аргентинецот летово изрази желба да замине бидејќи беше вклучен во плановите само кога Ерлинг Халанд беше повреден и почувствува дека е само играч во ротацијата.
Диего Симеоне му ги даде клучна улога на нападот и го направи најважен играч на тимот, а Алварез се оддолжи на најдобар можен начин.
Многумина веруваат дека Алварез прераснува во најдобриот напаѓач на денешнината и дека пред него е блескава кариера. Тој веќе ги има освоено сите можни трофеи со Сити и со репрезентацијата на Аргентина, а покажа дека има карактер за најголемите дела.
Не треба да се заборави дека Атлетико сè уште се бори за сите три трофеи, Барса во Ла Лига има еден поен повеќе, а овие два тима се сретнуваат и во реванш на полуфиналето на Купот на кралот, додека првиот натпревар заврши 4:4. Исто така, Атлетико има шанса пред своите навивачи да ја надомести гол разликата против Реал Мадрид…