Дома Фудбал Реал ја доби првата рунда, Арсенал без милост

Реал ја доби првата рунда, Арсенал без милост

Во првиот натпревар, Реал извојува минимална предност против Атлетико со 2:1, додека Арсенал постигна 7 гола против ПСВ.

Федерико Валверде во четвртата минута од натпреварот мајсторски го упати додавањето до Родриго, кој со прецизен шут го надмудри Јан Облак.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Атлетико возврати со исклучителниот гол на Алварез во 32-та минута, но конечниот резултат 2:1 го постави Брахим Дијаз.

Арсенал, играјќи на гостински терен, го реши натпреварот уште во првото соочување. Тимбер го отвори резултатот во 18-та минута, додека Нванери ја зголеми предноста на 2-0 три минути подоцна. Во 31-та минута, Мерино погоди за 3-0.

Ланг се покажа сигурен од белата точка и намали на 1-3, резултат со кој заврши првото полувреме. Во вториот дел, Арсенал постигна четири гола, затворајќи го натпреварот со недостижни 1:7.

Во натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Лил немаше победник, завршувајќи 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал ја изневерил девојката со позната инфлуенсерка од Италија?

Шпанските медиуми крајот на 2024 година го поврзуваа Ламин Јамал со италијанската инфлуенс…