Дома Фудбал Чеферин: Конференциската лига го подобри фудбалот во Европа, а малите држави имаат придобивки!

Чеферин: Конференциската лига го подобри фудбалот во Европа, а малите држави имаат придобивки!

Претседателот на Европската асоцијација на фудбалски сојузи (УЕФА), Александер Чеферин, најави во вторникот во Сараево дека е задоволен од европските клупски натпревари, истакнувајќи дека Конференциската лига го зајакнала фудбалот во малите држави.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одговарајќи на новинарски прашања, рече дека е многу задоволен од европското клупско натпреварување, особено од она што произлезе од Конференциската лига, потсетувајќи дека воведувањето на таков формат на натпреварување многумина го критикуваа, а се покажа дека критиките биле неосновани.

„Истите тие што константно ја критикуваа Конференциската лига, сега критикуваат дека финалето го играме на мал стадион и тоа е знак дека добро работиме“, рече Чеферин, нагласувајќи дека Конференциската лига е многу важна за развојот на фудбалот во малите земји.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Истанбул ќе биде домаќин на натпреварите за Суперкупот на Шпанија

Од Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) официјално објавија дека Истанбул ќе биде…