Дома Кошарка Шеј се разигра против Хјустон и постигна – 51 поен (Видео)

Шеј се разигра против Хјустон и постигна – 51 поен (Видео)

Оклахома Сити Тандер ја запиша својата 50. сезонска победа во НБА лигата, совладувајќи го Хјустон Рокетс со резултат 137:128.

Домашниот состав не дозволи изненадување и успешно ја одбрани својата територија, а повторно во центарот на вниманието беше фантастичниот Шеј Гилџес-Александер.

Канадскиот репрезентативец, кој заедно со Никола Јокиќ важи за еден од главните фаворити за престижната МВП награда, одигра блескава партија.

Тој по четврти пат оваа сезона постигна повеќе од 50 поени, а во оваа пресметка против „ракетите“ заврши со импресивни 51 поен, дополнети со 5 скока и 7 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Томпсон го запре Вембањама во клучен момент, Хјустон славеше по драма!

Хјустон го доби гостувањето кај Сан Антонио со 114:110 по продолжение. Шенѓун беше прв стр…