Дома Фудбал Винисиус се правда: Правам некои работи кои не би требало, но…

Винисиус се правда: Правам некои работи кои не би требало, но…

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, очекува одличен натпревар против Атлетико Мадрид, а рече и дека многумина забораваат дека сè уште е млад.

Јорганџиите директно се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите, додека Реал во претходната рунда го елиминираше Манчестер Сити.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


„Дерби е типот на натпревар кој ни се допаѓа. Чекаме цела сезона натпревари како овој, особено дерби во Лига на шампионите. Никогаш не сум играл, ова ќе ми биде прв и многу сум возбуден што ќе играм таков натпревар. Тоа ќе биде прекрасна забава за нашите навивачи, како и за нивните навивачи на вториот натпревар“, рече Винисиус.

Бразилецот доби и прашање за своето темпераментно однесување на важни натпревари.

„Тоа е нормално. Адреналинот проработува за време на натпреварите бидејќи само сакам да победам. Правам многу работи кои не би требало, но мислам дека оди подобро со секој натпревар. Се обидувам да останам спокоен, соиграчите ми помагаат со својата смиреност и се подобрувам, малку по малку. Овде сум веќе долго време, но луѓето забораваат дека имам само 24 години и дека сè уште имам многу да учам. Така што – учам.“

На прашањето кој донесол одлука Реал да не биде присутен на доделувањето на Златната топка, Винисиус одговара:

„Секогаш клубот. Јас постапувам како што ми рече клубот. Клубот ме побара да останам во Мадрид, така што останав многу смирен. Ќе видиме за следниот пат.“

Сè повеќе врвни играчи заминуваат на патот кон Саудиска Арабија, но Винисиус тоа не го планира.

„Смирен сум, бидејќи имам договор до 2027 година. Се надевам дека ќе го продолжам што е можно побрзо бидејќи сум среќен овде. Го живеам својот сон – играм со најдобрите фудбалери во светот, најдобриот тренер, најдобриот претседател, најдобрите навивачи. Сите ме сакаат многу. Никаде не би можело да ми биде подобро од тука. Сакам да станам легенда на Реал и да ја пишувам историјата овде“, завршува Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гласајте за Нестор: Води битка за играч на месецот во Хрватска!

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски има одличeн месец зад себе и заслужено се најде во …