Дома Фудбал Милан има три кандидати за спортски директор

Милан има три кандидати за спортски директор

Милан е во сериозна криза, но тренерот не е сменет. Затоа, управата реши да се посвети на прашањето со новиот спортски директор.

Моментално оваа функција ја врши техничкиот директор Жофри Монкада, а неговиот супервизор е советникот на претседателот Гери Кардинале, Златан Ибрахимовиќ. Изгледа дека на Сан Сиро сфатиле дека е потребно да назначат личност која ќе се занимава само со тоа и која има некое искуство на таа позиција.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Се искристализирале три имиња. Поранешниот спортски директор на Лацио Игли Таре, потоа човекот кој ја извршувал таа функција во Атлетико Мадрид Андреа Берта и Фабио Паратичи кој во минатото работеше во Јувентус и Тотенхем. Кардинале и Ибрахимовиќ разговарале со тројцата во Лондон.

Најверојатно, веднаш од играта отпаднал Берта, кој е сериозен кандидат да седне на позицијата спортски директор на Арсенал. Ибрахимовиќ го фаворизира Таре, а Кардинале Паратичи.

Сепак, Паратичи сè уште има забрана за работа во фудбалот, но би сакал да остане во Премиер лигата. Така што, Таре моментално е на водечката позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ја купи тинејџерската сензација, па сега тргна и по неговиот брат

До неодамна играч на Копенхаген, 19-годишниот крилен напаѓач Руни ова лето се придружи на …