Дома Фудбал Официјално: Рејндерс во Милан до 2030 година

Официјално: Рејндерс во Милан до 2030 година

Холандскиот репрезентативец и плејмејкер на Милан, Тижани Рејндерс, денес го потпиша новиот договор кој трае до 2030 година.

Рејндерс се истакнува со своите одлични настапи во Милан и успеа да стане лидер на холандската репрезентација, привлекувајќи го вниманието на бројни европски гиганти.

Клубот не сака да ја изгуби својата ѕвезда, па неодамна започна преговори за продолжување на договорот.

Двете страни брзо дојдоа до заедничко разбирање и Рејндерс денес ја продолжи својата лојалност кон клубот до 2030 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Растодер ја прекина гол-сушата, Македонија по поразот во Глазгов оди во бараж

Македонија загуби од Шкотска со 2-1 и остана без победа на 13 натпревари во низа. Голот на…