Дома Фудбал Голем гест на Гвардиола: Воодушеи со потегот кога дозна дека тренерот на Плимунт е муслиман

Голем гест на Гвардиола: Воодушеи со потегот кога дозна дека тренерот на Плимунт е муслиман

Босанско-хeрцеговскиот тренер Мирон Муслиќ ги исполни своите соништа соочувајќи се со Пеп Гвардиола и Манчестер Сити во ФА Купот, а Шпанецот го исполни и ветувањето дадено пред натпреварот, па го почести младиот босански стручњак.

Сепак, кога дознал дека Муслиќ е муслиман и не пие алкохол, наместо вино, го почести со Фанта.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како што пренесува шпанскиот Marca повикувајќи се на извори од BBC, некој го предупредил Гвардиола дека Муслиќ не консумира алкохол и Пеп тоа го земал во предвид.

“Мироне, заборави на вино. Знам дека не пиеш, но имаш подготвено Фанта.”

По натпреварот, босанскиот тренер во изјава за BBC Sport рече дека Гвардиола имал Фанта во својата канцеларија за него и флаша италијанско црвено вино за остатокот од стручниот штаб.

“Уживаме во друштво и гостопримството на еден од најдобрите тренери во историјата на спортот. Тоа беше прекрасно искуство”, рече Муслиќ за 45те минути во кои Гвардиола ги угости во својата канцеларија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аларм во Наполи, се повреди Лукаку

Италијанскиот шампион Наполи ја заврши својата предсезонска подготовка со успех, победувај…