Дома Фудбал Aнчелоти ризикува: Во Мадрид стравуваат да не останат без еден од најважните

Aнчелоти ризикува: Во Мадрид стравуваат да не останат без еден од најважните

Откако Реал Мадрид ја пропушти предноста од +7 во однос на Барселона и сега заостанува три бода зад најголемиот ривал, Карло Анчелоти по секоја цена сака да го победи Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Мадридските тимови се среќаваат во вторник во првиот натпревар од осмина-финалето на Лигата на шампионите, а Анчелоти одлучи да ризикува со Федерико Валверде.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Гостувањето и поразот од Бетис покажа дека Валверде е незаменлив лидер во оваа екипа на Реал, и без него едноставно изгледаат сосема различно.

Валверде може да игра на повеќе позиции, но освен играчките квалитети, Анчелоти најмногу ги цени неговите лидерски способности.

Токму поради тоа Анчелоти одлучи да ризикува со Валверде, кој почувствува повреда на задната ложа и затоа одмори последните две натпревари.

Реал Мадрид во рок од осум дена ќе одигра двомеч со Атлетико, додека помеѓу тие натпревари Уругваецот би можел да одмори против Рајо Ваљекано.

Да потсетиме, голем проблем за Реал е што првиот натпревар поради суспензија го пропушта Џуд Белингам.

Натпреварот Реал Мадрид – Атлетико Мадрид е на програмата во вторник во 21:00.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aтлетико има голем план: Ќе потроши 165 милиони евра за двајца Аргентинци!

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид подготвува терен за доведување на нов централен бек, а зн…