Дома Фудбал Де Брајне ќе прифати „понижување“ за да остане во Манчестер сити!?

Де Брајне ќе прифати „понижување“ за да остане во Манчестер сити!?

Фудбалерот на Манчестер Сити Кевин Де Брајне би можел сепак да остане на Етихад, иако летово му истекува договорот со „Граѓаните“ – дознава британскиот „Мирор“.

Шпекулациите почнаа да кружат по реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите во кој Сити беше гостин на Реал, при што Гвардиола го остави Де Брајне на клупата.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Улогата на Белгиецот во последните неколку месеци значително се намали, иако тој сè уште е „човек за најголемите натпревари“, кога е доволно подготвен за истите.

Играчот од средниот ред има проблеми со повреди во позната фаза од кариерата, поради што неговата минутажа е намалена дури и кога е во натпреварувачки режим.

Од кога дојде во Сити во 2015 година, до сега има запишано 410 натпревари, постигнато 106 голови и на тоа додадени 174 асистенции.

Шест пати ја освоил Премиер лигата, два пати ФА Купот, пет пати Лига купот, а ја освоил и Лигата на шампионите минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите започнале: Чави во Премиер лигата?!

Чави Ернандес одмара и ги полни батериите, подготвувајќи се за враќање во тренерските води…