Дома Останати Кошарка Кари успеа да забие за последен пат во животот: Ова е крајот (Видео)

Кари успеа да забие за последен пат во животот: Ова е крајот (Видео)

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Стеф Кари синоќа успеа да постигне кош каков што немал постигнато од 2019 година. Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс и НБА лигата против Филаделфија 76ерс забиваше за прв пат по шест години.

Кари заби од контра напад во последната четвртина на средбата по додавање од Бади Хилд. По средбата со која Филаделфија ја прекина својата лоша серија со победа од 126:119, прва по девет последователни порази во последниот месец, Кари изјави дека ова било неговото последно забивање во кариерата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Крај. Повеќе нема да ме видите да забивам“, рече Кари, за многумина најдобриот стрелец на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Бомба“ од НБА: Леброн го менува клубот или – оди во пензија!?

Леброн Џејмс (40) може да се соочи со пензионирање во секој момент, известува порталот Giv…