Дома Фудбал Нов пораз на Реал Мадрид

Нов пораз на Реал Мадрид

Реал Мадрид претрпе пораз од 2-1 на гостувањето кај Бетис, а по ова коло постои можност да се симнат и на третото место.

На „Бенито Виљамарин“, Реал одигра силно во првите дваесет минути и успеа рано да поведе со голот на Брахим Дијаз.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Бетис ја подобри својата игра кон крајот на првото полувреме, а по корнерот одбраната на Реал се најде во лоша позиција, дозволувајќи му на Кардосо да остане сам пред Куртоа и да израмни.

Во брзото темпо на второто полувреме, за Бетис беше досуден пенал што го реализираше Иско. Ова доведе до комплетен пресврт и предност за домаќините со резултат од 2-1, што на крајот беше и конечниот исход.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави нова снимка: Еве зошто настана хаосот на натпреварот Партизан – АЕК (Видео)

Откако екипата на АЕК Лимасол го осигура местото во второто коло од квалификациите за Лига…