Саидо Берахино, човекот за кого пред десетина години Вест Бром одби 30 милиони евра од Тотенхем, е нов член на словенечкиот второлигаш Табор Сежана.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Напаѓачот од Бурунди беше вистински хит во Премиер лигата во сезоната 2014/2015, кога во дресот на клубот од Западен Мидлендс на 38 настапи постигна 14 голови.
Тогаш Саидо имаше само 22 години, па спортските сектори на островските екипи полудеа за него. Многумина сакаа да го донесат, а најконкретни беа “петлите”.
Меѓутоа, нивната понуда од 30 милиони евра Вест Бром ја одби, убеден дека за талентираниот фудбалер може да добие многу повеќе пари.
Тоа не се случи, а Берахино во следната година и пол на 35 натпревари погодуваше само четири пати. Тоа ја наведе управата на Албион да земе за него колку што во тоа време може, а тоа беа 14 милиони од Стоук. Секако, не баш мала сума.
За црвено-белите на 28 премиерлигашки натпревари не постигна ниту гол, а потоа следеше незапамтено фудбалско пропаѓање…